Powered By Blogger

16. 7. 2014.

Алтипармаковски се „пошегува„ со гипсарите

ВТОР МЕЧ И ВТОРА ПОБЕДА НА ФУДБАЛЕРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО ЛЕТНИТЕ ПОДГОТОВКИ ЗА НОВАТА СЕЗОНА
Пријателски меч

Пелистер - Ренова 4:0 (3:0)

Градски стадион под Тумбе кафе - Битола. Гледачи: 100
Судија. Никола Магловски (Битола)
Стрелец: Алтипармаковски во 5 и 42, Ристевски во 23 и Вржовски во 84 минута за Пелистер

Пелистер:
Пашовски, Петковски, M. Степановски, Атанасовски, Миленковски, Анастасов, Тодоровски, Ристевски, Љамчевски, Мустафов, Алтипармковски
Уште играа:
Апостоловски, Динчев, Митревски, Поповски, Мирчевски, Марковски, Магловски, Велевски, Трајковски, Вржовски

Во вториот тест во подготвителниот период, фудбалерите на Пелистер на убедлив начин ја совладаа Ренова и најавија дека не е се така црно ова лето под Тумбе кафе. Уште во 5 минута по акцијата на Петар Љамчевски, младиот напаѓач Марјан Алтипармаковски изби сам пред гостинскиот голман и ја пласираше топката под него за брзо водство на пелистерци. „Гипсарите„ местеа офсајд стапица во 23 минута, но од втор план се придодаде Алтипармаковски и му подготви идеална шанса на Димче Ристевски кој на празен гол само ја втурна топката во празната мрежа. Најубавиот момент во мечот се случи на неколку минути до одморот, кога Марјан Алтипармаковски со евро-гол од дистанца го заокружи првото полувреме, комплетно доминантно за битолчани. Вториот дел започна со серија на замени на двете страни, опаднат ритам и мал број на зрели шанси. Гостите најзрелата ја имаа во 71 минута кога ударот на Емини од белата точка го одбрани Горан Пашовски. Во финишот младиот австралиец кој е на проба во Пелистер Алекс Вржовски се придодаде од втор план и по четврт пат ја затресе мрежата на Ренова. За изменетата екипа на Ренова дебитираа новајлиите Мојсов и Бујчевски, но на две и пол недели до почетокот на новата сезона, грижи за навивачите на „гипсарите„ по битолскиот тест.   


Нема коментара:

Постави коментар