24.07.2014.

Мирко Ивановски го смени клубот, но остана во Романија

ПО НЕШТО ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА СЕЗОНА, МИРКО ИВАНОВСКИ ЈА НАПУШТИ АСТРА И ЌЕ ИГРА ЗА КЛУЖ
И покрај интересот од неколку шпански екипи, македонскиот репрезентативец битолчанецот Мирко Ивановски одлучи да ја продолжи кариерата во таборот на поранешниот романски шампион Клуж.
Ивановски денес ги мина лекарските прегледи, а подоцна потпиша и договор според кој во наредните две години ќе ги брани боите на овој клуб. Нашиот 24 годишен напаѓач доаѓа во таборот на Клуж од Астра, каде одигра 54 натпревари и постигна 23 погодоци во изминатите две сезони, а претходно ги бранеше боите на Македонија Ѓорче Петров, Славија Прага (позајмица), Арка Гдиниа. Ивановски за сениорската репрезентација на Македонија има одиграно 21 натпревар и притоа има постигна еден погодок.

Нема коментара:

Постави коментар