24.07.2014.

Секуловски денес ќе биде промовиран во нов тренер на Пелистер

ПЕЛИСТЕР ГО ПРОМОВИРАШЕ НОВИОТ ТРЕНЕР ЗА СЕЗОНАТА 2014/15
Марјан Секуловски од денес повторно ќе биде назначен за шеф на стручниот штаб на Пелистер. За младиот тренер тоа е трет почеток во неговиот матичен клуб како тренер, откако до сега два пати ја предводеше екипата и два пати започнувајќи го проектот од Втората лига, кој подоцна кулминираше со промоција во Првата лига и стабилизација.
Секуловски денес ќе биде претставен пред фудбалерите, кои одлично ги познава, а деновиве ќе го дефинира неговиот стручен штаб. Освен Пелистер, Секуловски во Македонија ги водеше и екипите на Силекс, 11 Октомври и Македонија Ѓ.П. а две сезони работеше и во Мјанмар. Секуловски ќе го наследи Драган Бочевски кој ја водеше екипата минатата сезона и на крајот заврши на шестото место. Бочевски е прв тренер по пет години кој издржа цела една сезона на „жешката клупа„ на битолчани.

Нема коментара:

Постави коментар