Powered By Blogger

18. 7. 2014.

Пецаковски потпиша за Ал Васл во Дубаи

БИТОЛЧАНЕЦОТ ОД МЕТАЛУРГ ПРОНАЈДЕ КЛУБ ВО ОАЕ
Репрезентативецот Дејан Пецаковски од идната сезона ќе игра ракомет во Дубаи и тоа во Ал Васл. Левиот бек на Металург спогодбено го завршил договорот со македонскиот шампион и побарал нова средина, затоа што извесно беше дека ќе има мала улога во плановите на Лино Червар.
Во следната сезона Пецаковски ќе имаше уште поголема конкуренција бидејќи Металург во првата екипа ги повлече Филип Талески и Марко Нелоски, од кои се очекува многу. Во прилог на малата минутажа одеа и проблемите со повреди оваа сезона, но сега тие се надминати и Пецаковски е подготвен да се врати на терените во старата форма. Имаше понуда да се врати во Зомимак, од каде што дојде во „Автокоманда“, но реши првпат да се обиде во странство. Пецаковски нема да биде првиот Македонец во клуб што се вика Ал Васл, затоа што веќе две сезони тренер во кошаркарскиот Ал Васл е Јорданчо Давитков.

Нема коментара:

Постави коментар