29.07.2014.

Ступиќ се договори со Пелистер

НА НЕКОЛКУ ДЕНА ДО ПОЧЕТОКОТ НА ШАМПИОНАТОТ ПЕЛИСТЕР ДОВЕДЕ УШТЕ ЕДЕН ИСКУСЕН НАПАЃАЧ
Искусниот напаѓач Бошко Ступиќ од денес е нов член на битолски Пелистер. 30 годишниот напаѓач вчера пристигна во Битола, го одбработи првиот тренинг и се договори со управата на клубот за едногодишна соработка.
Овој фудбалер е добредојден во офанзивната линија на битолчани, каде веќе се Благојче Главевски и Благојче Марковски. Ступиќ е роден во Мостар, но е  продукт на школата на Леотар од Требиње. Настапуваше и за Младеновац, а прв пат во македонскиот фудбал дојде во 2009 година во Вардар. Потоа често менуваше клубови и една сезона одигра во хрватската Истра 1961 и во Олимпик Сараево. Во претходните две сезони во Првата македонска лига не се изнаигра, носејќи ги дресовите на Работнички и Брегалница од Штип. Веројатно утре ќе ги одигра првите минути во зелениот дрес на контролен меч, а можеби ќе дебитира в недела против Вардар, доколку тренерот Секуловски му даде доверба. Ступиќ е втор мостарец кој ќе настапува за Пелистер, по Риад Демиќ, кој пристигна минатото лето, но тешко се повреди и одигра само два официјални мечеви за Пелистер. 

Нема коментара:

Постави коментар