21.07.2014.

Блескавата Оливера донесе мундијалска бронза и параолимписка виза Рио


СЕНЗАЦИОНАЛЕН ПОДВИГ НА ОЛИВЕРА НАКОВСКА БИКОВА НА МУНДИЈАЛОТ ВО ГЕРМАНИЈА
Aктуелнaта параолимпискa шампионка од Лондон 2012 и светска рекордерка, битолчанката Оливера Наковска-Бикова, го освои бронзениот медал во дисциплината воздушен пиштол - 10 метри (П2) на Светското првенство во стрелаштво за инвалиди во Сул, Германија.
Таа оствари и норма за Параолимписките игри во Рио 2016 година, со што стана првиот македонски спортист кој обезбедил норма за Игрите во Бразил. Во суперфиналето, во кое влегоа најдобрите 4 мажи и 4 жени, Оливера беше на еден чекор до нов трофеј - го освои 4 место. Победи Иранката Сарех Јавардадидодмани со 195,6 круга, второпласираната со 192,0 круга беше Унгарката Кристина Давид, а Наковска-Бикова имаше 164,5 круга, дваесет повеќе од четвртопласираната Украинка Ирина Лиаху. Во оваа дисциплина стрелаше и Лидија Крстеска, која со резултат од 345 кругови го освои 25-то место. Утре Наковска-Бикова и Каранфилов настапуваат во дисциплината спортски пиштол, која се стрела од далечина 25 метри.

Нема коментара:

Постави коментар