27.07.2014.

Крстески: „Се пронајдов во проектот на Пелистер„

ПО НАСТАПИТЕ ЗА ПОБЕДА И ВАРДАР, КРСТЕСКИ ПОТПИША И ЗА ТРЕТИОТ НАЈТРАДИЦИОНАЛЕН КЛУБ ВО МАКЕДОНИЈА
Искусниот прилепчанец Александар Крстески само што пристигна под Тумбе кафе, ги одигра првите минути за Пелистер. Тој во тандем со Менде Степановски ја сочинуваа централната одбранбена двојка во победата против Напредок од 2:0. Крстески објасни како дошло до соработката со битолскиот прволигаш: „Задоволство ми е што ќе го носам дресот на голем клуб како Пелистер.
Играв за Победа и Вардар и сега чест ми е што ќе го носам и дресот на Пелистер. Кога бев повикан од раководството едноставно се пронајдов себе си во понудата на новата управа, потпомогнат од локалната самоуправа. Знам дека овој проект не е моментален и има програма за наредните четири години. Со оглед на мојата ситуација, јас живеам во близина во Прилеп, исто и на клубот му треба одбранбен фудбалер, па многу брзо и лесно се договоривме„ истакна Крстески. Не многу голем број прилепски фудбалери го носеле дресот на Пелистер, а последен кој потекнува од школата на Пелистер а го носел дресот на вториот пелагонски ривал е Тони Мегленски. 

Нема коментара:

Постави коментар