Powered By Blogger

21. 7. 2014.

Работнички го претстави Марјан Алтипармаковски

МЛАДИОТ 23 ГОДИШЕН БИТОЛЧАНЕЦ И ОФИЦИЈАЛНО ЧЛЕН НА РАБОТНИЧКИ
Битолчанецот Марјан Алтипармаковски е нов фудбалер на шампионот Работнички. Напаѓачот потпиша двегодишен договор со „романтичарите“, но нема да може да му помогне на својот нов тим во Лигата на шампионите на реваншот против ХЈК Хелсинки.
Доколку нашиот првак мине во следната рунда, тогаш Алтипармаковски ќе има шанса да игра во шампионската лига, односно во третото квалификациско коло. За Алтипармаковски Работнички е само втор македонски клуб по неговиот матичен Пелистер. Тој имаше два „излети“ во грчкиот фудбал во Ксанти и Панилијакос, а изминатата сезона ја мина во дресот на битолските „зелени“. Напаѓачот кој има 23 години е шестото летно засилување за тимот од Дебар Маало.

Нема коментара:

Постави коментар