Powered By Blogger

27. 7. 2014.

Пачовски се врати на голот, победа со пресврт на Мехелен

ЗАПОЧНА НОВИОТ БЕЛГИСКИ ФУДБАЛСКИ ШАМПИОНАТ СО ПОБЕДА И ВРАЌАЊЕ НА ГОЛОТ ЗА РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ КАПИТЕН
Откако на крајот на претходната сезона не бранеше како последица на повредата со која се здоби во фебруари, репрезентативниот капитен Томе Пачовски пак застана на голот и во првото коло од новиот белгиски шампионат црвено-жолтите од Мехелен забележаа важна победа.
Против Генк на домашен терен, екипата на Пачовски мораше да прави пресврт за да се радува на првите бодови. Уште во 7 минута Хиланд ги доведе гостите во водство. Но до одморот резултатот веќе беше 3:1. Хани во 22, Адесаниа во 37 и Клес во 38 минута ја погодија гостинската мрежа. Во продолжението на Мехелен му беше уште полесно да се радува, бидејќи од 53 минута играше со човек повеќе по исклучувањето на стрелецот за гостите, Хиланд. Во второто коло од Жупилер ПРО лигата в недела на 3 август, Мехелен му гостува на Гент.   

Нема коментара:

Постави коментар