12.07.2014.

Николај Христов потпиша за Брегалница

ФУДБАЛЕРОТ ЗА ВРСКА ОД БУГАРИЈА И НАТАМУ ЌЕ НАСТАПУВА ВО МАКЕДОНСКИОТ ШАМПИОНАТ
Фудбалерот за врска Николај Христов како слободен фудбалер му пристапи на прволигашот Брегалница од Штип. Бугарскиот интернационалец кој одигра одлична сезона за битолски Пелистер, не го продолжи договорот со зелените од Битола и беше многу блиску до трансфер во Израел.
Но откако таа можност се изјалови, Христов ја прифати понудата од штипскиот клуб и потпиша на една сезона. 24 годишниот Николај Христов во својата кариера во татковината настапуваше за Белите Орли од Плевен и Ботев Враца во првата бугарска лига. Тој од вчера пристигна во Штип и се приклучи на подготовките на тимот на Ѓоре Јовановски.  

Нема коментара:

Постави коментар