25.07.2014.

Напредок тест за вредностите на новиот Пелистер

В САБОТА БИТОЛЧАНИ ПАК ЌЕ ИМААТ МОЖНОСТ ДА ГО ГЛЕДААТ НОВИОТ ПЕЛИСТЕР ПОД ТУМБЕ КАФЕ
Првиот меч на новиот тренер на Пелистер, Марјан Секуловски ќе биде пријателскиот меч со Напредок в сабота од 17:30 часот под Тумбе кафе во Битола.
Тоа ќе биде трет контролен меч оваа предсезона откако екипата водена од Драган Бочевски ги совлада Младост Царев двор со 2:0 и Ренова со 4:0. Кичевскиот второлигаш ќе биде претпоследен ривал пред „вечното дерби„ со Вардар на 3 август. В среда против ривал кој ќе биде дополнително одреден, пелистерци ќе го имаат последниот четврт контролен натпревар ова лето.   

Нема коментара:

Постави коментар