Powered By Blogger

30. 12. 2013.

Ѓоко Илијовски нов тренер на исландскиот Хотур

МЛАДИОТ БИТОЛСКИ ТРЕНЕР, ЃОКО ИЛОЈОВСКИ СО АНГАЖМАН ВО ИСЛАНДСКИОТ ТРЕТОЛИГАШ ХОТУР
Бившиот тренер во младинските категории на Пелистер, а во еден период и на сениорската екипа 43 годишниот Ѓоко Илијовски веќе една година работи во „ладниот„ Исланд. Во клубот Хотур кој пред две сезони беше прволигаш, а потоа две години по ред испаѓаше во понизок ранг на натпреварување, одлучија да направат голема реорганизација.
Затоа минатата година битолчанецот беше повикан да работи во академијата на клубот. По само неколку месеци успешна работа, прекомандуван е како прв тренер на сениорската екипа и веќе го потпиша договорот „Презадоволен сум од начинот на кој што клубот функционира на организационен план. Бев изненаден од понудата да ја водат првата екипа, но тоа е уште поголем предизвик за мене како млад тренер и ќе дадам се од себе да ја оправдам довербата. Во март започнува сезоната на Исланд со мечевите од Купот, а потоа почнува и првенството на третата лига на Исланд„ ни рече Илијовски, кој деновиве се наоѓа на заслужен одмор во Битола. 

Нема коментара:

Постави коментар