19.12.2013.

Новевски мак-фудбалер на годината


ПО ВТОР ПАТ ВО КАРИЕРАТА, НИКОЛЧЕ НОВЕВСКИ НАЈДОБАР МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕР ВО ТЕКОВНАТА ГОДИНА
Членот на германскиот клуб Мајнц, дефанзивецот од Битола Николче Новески е избран за фудбалер на 2013-та година во македонскиот фудбал, соопшти Управниот одбор (УО) на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Тој ги доби најголемиот дел од гласовите на навивачите кои гласаа преку веб сајтот на ФФМ, но и гласовите на клубовите општинските фудбалски сојузи.
Најдобра фудбалерка на Македонија е Наташа Андонова (Турбине Потсдам), за најдобар во домашниот шампионат е играчот на Хоризонт Турново, Дејан Блажевски. Прогласувањето на најдобрите во мак-фудбалот е закажано за 24-ти декември во хотелот Александар Палас.

Најдобрите во македонскиот фудбал за 2013 година:

ФУДБАЛЕР НА ГОДИНАТА: Николче Новески (Мајнц)

НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР ВО ДОМАШНИОТ ШАМПИОНАТ: Дејан Блажевски (Хоризонт Турново)

НАЈДОБАР ТРЕНЕР: Благоја Милевски (Вардар)

НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ: Јован Костовски (Вардар)

НАЈДОБАР ТРЕНЕР ВО МЛАДИНСКИ КАТЕГОРИИ: Александар Васоски

НАЈДОБАР МЛАД ФУДБАЛЕР: Ѓорѓи Зајков (Работнички)

НАЈДОБАР КЛУБ ВО МЛАДИ КАТЕГОРИИ: ФК Металург

НАЈДОБРА ФУДБАЛЕРКА: Наташа Андонова (Турбине Потсдам)

НАЈДОБАР ТРЕНЕР ВО ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА: Астрит Мерко (АС Јунајтед)

НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ ВО ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА: Елена Јаковска

НАЈДОБАР ФУТСАЛ ТРЕНЕР: Зоран Лекиќ (Железарец)

НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР ВО ФУТСАЛ: Драган Петровиќ (Скопје 2011)

ФУДБАЛСКИ РАБОТНИК НА ГОДИНАТА: Драган Поповски (претседател на ФК Работнички)

ФЕР ПЛЕЈ ЕКИПА: ФК Работнички

НАЈДОБАР СУДИЈА: Димитар Мечкаровски

НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО: Андон Дончевски (прв селектор на Македонија)

Нема коментара:

Постави коментар