Powered By Blogger

14. 12. 2013.

Пелистер неискусно му ја подари победата на струмичани

СО МНОГУ ЛОШ ФИНИШ, ПЕЛИСТЕР ПРОКОЦКА МОЖНОСТ ДА ГО ПОРАЗИ СИЛНИОТ И ИСКУСЕН СТРУМИЧКИ СУПЕРЛИГАШ
Пелистер - Зомимак М 16:17 (10:9)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 1500
Судии: Ѓоко Начевски и Славе Николов (од Скопје)
Делегат: Марјан Начевски (Скопје)
Црвен картон: Младеновски (Зомимак М)

Пелистер:
Нкуингуа (13 одбрани), Х. Талевски, Игнов, Дрогришки 1, Блажевски 10, Димитровски 1, Босеовски, Димитриески 1, Рајатовски, Вешовски 2, Стефановски, Митревски, Нечков, Ивановски, Најдовски, Печенковски 1, Божиновски

Седмерци: 7/4
Исклучувања: 14 минути

Зомимак М:
Колев (7 одбрани), Стојановски (7 одбрани), Ѓорѓиев, Атанасов, Кукоски, Павлосвки 3, Младеновски, Стојанов, Тренчевски 1, Шалевски, Ангеловски 2, Чантурија 7, Стојановиќ 2, Караиванов, Везенковски 2

Седмерци: 4/3
Исклучувања: 12 минути

Втор последователен пораз на ракометарите на Пелистер, кои есенскиот дел од ВИП Супер лигата го завршија на третото место. Малку повеќе квалитет, среќа и искуство недостигаше битолчани да го добијат струмичкиот тим, кој го бркаше водството на зелено-белите во текот на сите 60 минути. Десното крило на Пелистер, Блажевски одлично го почна мечот и со шест негови голови од крилна позиција и од седум метри, Пелистер поведе со 6:4 во 14 минута. Гостите освен со стартните два гола на Раде Стојановиќ и стабилната и подвижна одбрана, не воодушевија во првиот дел. Крис Нкунгуа брзо собра 7-8 одбрани и во еден период од средбата само Чантурија го наоѓаше патот до неговата мрежа. Токму со неговиот седмерец, струмичани израмнија на 8:8 во 26 минута. До одморот Вешовски и Блажевски му обезбедија на тимот на Костадиновски мининална предност на одмор (10:9) На добрите одбрани на франазуцинот на голот на Пелистер, му се придружи Стојановски кој во почетната фаза од вториот дел го одржуваше својот тим во мечот. Домашните бекови немаа свој ден и често се кобинираше преку Васко Димитровски на линијата или преку Блажевски и неговите полуконтри и контри. Како да се постигне гол да е најтешка работа, па двете екипи имаа долги периоди без постигнат гол. Печенковски постигна битен гол за 15:14 во 47 минута. Тогаш на голот на Зомимак М застана капитенот Колев и беше одлучувачки фактор околу победникот. Александар Ангеловски го искористи исклучувањето на Димитровски, потоа и на Димитријевски и Зомимак М израмни на 15:15 во 50 минута. Бившиот ракометар на Пелистер, Ангеловски погоди од 10 метри, откако претходно Чантурија не реализира седмерец и на три минути до крајот, гостите поведоа (15:16) Дрогришки со првиот гол израмни, но на влезот во последните две минути, Колев го одбрани седмерецот на Печенковски, а Павловски пак погоди за +1 за Зомимак М. Неискусно битолачани направија техничка грешка при додавање на 30 секунди до крајот и на крилата на Колев и неговите 7 одбрани, Зомимак М по втор пат во овој дел од шампионатот го совлада Пелистер.

Нема коментара:

Постави коментар