Powered By Blogger

2. 12. 2013.

ФОТО: Заедничка вечера на фудбалерите на Шкендија и Пелистер

КАКО И ШТО ДОЛКУВА НА ДВА ГОЛЕМИ КЛУБОВИ СО НАЈГОЛЕМА ПОСЕТА ВО ТЕКОВНИОТ ШАМПИОНАТ, ШКЕНДИЈА И ПЕЛИСТЕР СО ЗАЕДНИЧКА ВЕЧЕРА ОО МЕЧОТ
ФК Шкендија ја потврди својата амбиција професионално да го води својот клуб и конкретно на мечот со Пелистер, битолчани можеа во тоа и да се уверат. Витешката борба на тешкиот терен многу коректно ја поднесоа актерите во мечот, за што треба само да им се честита.
Како и што тетовчани беа дочекани во Битола, така пријатно и целата делегација на ФК Пелистер се чувствуваше пред и по натпреварот во Тетово. По средбата двете екипи и нивните управи имаа заедничка вечера, по што си посакаа многу успех во понатомошниот тек на сезоната.
ФК Пелистер, кој освои 4 од можните 6 бода со Шкендија и не прими гол оваа есен, му се заблагодарува на ФК Шкендија за приемот и организацијата на средбата и најавува дека така ќе биде секогаш и во Битола, што е основа за добар и долгорочен однос и соработка меѓу нашите фудбалски клубови.

Нема коментара:

Постави коментар