Powered By Blogger

18. 12. 2013.

Браќата Љамчевски на цена


МЕЃУ ОДМОРОТ И ПОНУДИТЕ, ДВА БРАЌА А ОВАА ЕСЕН ГОЛЕМИ РИВАЛИ, ВО ФУДБАЛСКА ДИЛЕМА

Паузата меѓу есенскиот и пролетниот дел, фудбалерите ја корстат за краток одмор, разгледување на можностите за смена на клубските бои и полнење на батериите пред продолжувањето на натпреварите. Таков е случајот со браќата Љамчевски, кои во претходните три месеци беа лути ривали на теренот, а сега двајцата не ја знаат својата иднина. Главната причина се понудите кои пристигнуваат до нив и можноста да направат скок во кариерата.
Повозрасниот Благојче кој настапува за Металург, зад себе имаше одлична година, во која играше стандардно во својата екипа, а во Норвешка дебитираше и за националната репрезентација „Репрезентацијата е во моите мисли секогаш. Прекрасно беше да се дебитира за националните бои, а моја обврска е и понатаму напорно да работам, за пак да бидам повикан. Имам договор со Металург со кого во претходните неколку години направив одлични резултати и многу напредував. Сега имам неколку опци за продолжување на мојата кариера, пред се во странство, па заедно со мојот клуб верувам дека ќе ја донесеме вистинската одлука„ ни рече Благојче Љамчевски, кој настапуваше крај левата аут линија во зелениот дрес на металурзите. Неофицијално дознаваме дека има понуди од клубови од полската лига, а и најдобрите македонски екипи не стојат со скрстени раце. 
Помладиот Петар Љамчевски, кој е на отстапка од Металург до крајот на сезоната во матичниот Пелистер, зад себе остави одлична полусезона во дресот на битолчани. Играше на голем број натпревари и ја надвладеа повредата, заради која имаше неколку месечна пауза. Сега Металург го сака назад и веројатно ќе разговара со Пелистер за таа опција, но и за Петар Љамчевски бројот на опции е се поголем: „Јас сум задоволен од тоа што јас и мојата екипа направивме оваа есен. Се надевам дека само така ќе продолжиме и дека уште ќе напраедуваме. Мое е да работам, а клубовите се надевам ќе најдат заедничкки јазик. Точно е дека размислувам за некој од понудите кои ги имам, но најважно ми е да играм и покажам што знам„ вели помладиот Љамчевски. Тие како и многу други професионалци кои се на заслужен одмор се во Битола и „ги полнат акумулаторите„ за она што ги очекува во наредната година. А пелистерци во овој момент знаат малку нови детали. Извесно е дека на средината од јануари ќе почнат со тренинзи, а сите останати организациони работи ќе бидат познати до 25 декември. Потоа клубот ќе се произнесе за сите планови поврзани со 2014 година. Фудбалерите и армијата на симпатизери се нестрпливи околу можноста за продолжување на успешниот проект од оваа година.

Нема коментара:

Постави коментар