Powered By Blogger

4. 12. 2013.

Спиркоски пак им носи среќа на пелистерци?

ИСТИОТ СУДИЈА ОД ПРВАТА ЧЕТВРТФИНАЛНА СРЕДБА, ЌЕ СУДИ И НА ВОЗВРАТНОТО ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Судијата кој ја делеше правдата на првиот меч помеѓу овие две екипи пред еден месец, Горан Спиркоски од Прилеп пак е делегиран од ФФМ за делење на правдата на возвратниот меч од четврфиналето на Купот. На првата средба Спиркоски заради два жолти картони го исклучи Христијан Драгарски. Кога последен пат Пелистер играше на националната арена „Филип втори„ минатата сезона против Вардар, исто така судеше Спиркоски и покажа на белата точка за Пелистер, па Елмазовски подоцна го реализира пеналот за победа на зелените против Вардар. Дали и овој пат Спиркоски ќе донесе среќа за битолскиот прволигаш?


РАБОТНИЧКИ - ПЕЛИСТЕР - 04.12.2013 година - 13 часот

Главен судија: Горан Спиркоски - Прилеп
Прв асистент: Илчо Јорданоски - Прилеп
Втор асистент: Зоран Костоски - Прилеп
Четврт судија: Горан Ангелески - Прилеп
Контролор:
Ѓорѓи Гоцевски - Струмица
Делегат:
Марјан Стојкоски - Прилеп

Нема коментара:

Постави коментар