Powered By Blogger

19. 12. 2013.

Савевски со отказ од Омонија

ЛЕГЕНДАРНИОТ БИТОЛСКИ ФУДБАЛЕР, А СЕГА ТРЕНЕР ПО 18 МЕСЕЦИ ДОБИ ОТКАЗ ОД ТРЕНЕРСКОТО МЕСТО ВО ОМОНИЈА
Битолскиот тренер Тони Савевски синоќа е разрешен од функцијата шеф на стручен штаб на кипарскиот прволигаш Омонија, со одлука на Бордот на директори на клубот. Клубот се одлучи да ја прекине соработката со Савевски по лошите резултати на тимот, кои беа заокружени со последниот пораз од 2-0 од директниот конкурент за титулата АПОЕЛ.
Тони Савевски беше нешто повеќе од една година на клупата на Омонија, која претходно ја предводеше и во периодот од 2002 до 2004 година. Во својата кариера бил тренер и на грчки АЕК и Аполон Лимасол.

Нема коментара:

Постави коментар