Powered By Blogger

7. 12. 2013.

Лирија брзо го „наполни„ Пелистер

ПАК НА УБЕДЛИВ НАЧИН КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР, ПОРАЗЕНИ ВО СПОРТСКАТА САЛА „МЛАДОСТ„ ОД СИЛНАТА ЛИРИЈА
Пелистер - Лирија 56:87 (10:28, 9:15, 16:23, 21:21)

И првиот натпревар од вториот круг на државниот шампионат во кошарка, битолски Пелистер го почна со пораз. Многу силната екипа на Лирија од скопската населба Сарај, многу брзо го реши прашањето на победникот. 18 разлика на крајот на првата и 24 на крајот на втората четвртина, реално кажуваат каква е разликата во квалитет меѓу двете екипи.
Српскиот интернационалец Александар Калањ за прв пат настапи против бившиот клуб и одигра одличен натпревар. Ветеранот Горан Самарџиев и Бојан Трајковски го „наполнија„ кошот на зелените и заедно прокнижија 51 поен. Огромна беше разликата во скокови и поени од вториот напад во полза на гостинската екипа. Пелистер демотивиран по лошиот старт, воопшто не се опорави и не успеа да дојде ниту до чесен пораз. Во победничката екипа најефикасен беше Бојан Трајковски со 29 поени, Самарџиев со 22, Калањ со 14 и Караколев со 15 поени одиграа според очекувањата. Во битолскиот табор Анакиевски постигна 13, а србинот Никола Вукасовиќ придодаде 12 поени. Екипата на Марјан Илиевски уште еднаш потврди дека е фаворит од втор план во нашето најквалитетно првенство, а Пелистер шанса за бодови ќе бара во наредното коло кај вицешампионот Кожув во Гевгелија.

Нема коментара:

Постави коментар