Powered By Blogger

24. 12. 2013.

Ракометната школа „Јуниор„ на меѓународен турнир во Грција

-->
ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД, ШКОЛАТА НА ЗАРКОВ И МАРКОВСКИ ПОКАНЕТА НА ТУРНИР ЗА МЛАДИ КАТЕГОРИИ ВО ДУКАС
Ракометната школа „Јуниор„ од Битола, која ја водат бившите репрезентативци Иван Марковски и Александар Зарков деновиве ќе учествува на традиционален меѓународен турнир за млади категории, кој ќе се одржи во грчкиот град Дукас.
Од 26 до 29 декември, младите битолски таленти ќе играат заедно со уште пет други екипи, кои ќе се сретнат меѓу себе по системот секој со секого. Грчките екипи: Дукас, Филопос Верија, Дикефалос Астерас, Каматеру и српската екипа Растимо се противниците на ракометната школа „Јуниор„ од Битола. Ова е второ учество на битолската школа на турнирот во Грција и целта е што подобро да се претстават и со вакви натпревари да стекнат драгоцено искуство за напредок во кариерите на младите момчиња.
Распоред на натпреварите:

      26.12 Дукас - РШ Јуниор
      27.12 Дикефалос Астерас - РШ Јуниор
      27.12 РШ Јуниор - Растимо
      28.12 Филипос Верија - РШ Јуниор
      29.12 РШ Јуниор - Каматеру

Нема коментара:

Постави коментар