Powered By Blogger

13. 12. 2013.

Пелистер го намачи Кожув и сред Гевгелија

КАКО И ВО ВТОРОТО КОЛО ВО БИТОЛА, И ВО ГЕВГЕЛИЈА БИТОЛЧАНИ ГО НАМАЧИЈА ВИЦЕШАМПИОНОТ
Кожув - Пелистер 76:66 (21:17, 19:21, 17:17, 19:11)

Кошаркарите на Кожув многу потешко од очекувањата го скршија отпорот на Пелистер и стигнаа до триумф над „фенерџијата“ на прволигашката табела (76:66). Битолчани скоро цел натпревар одолеваа на налетите на актуелниот вицешампион, кој го отвори мечот со одлична серија 15:2, но потоа им овозможи на гостите уште до крајот на првата четвртина да се вратат во натпреварот.
Кожув имаше предност и во вториот и во третиот период, но избраниците на тренерот Србиновски дури во вториот дел од четвртата четвртина конечно успеаја да создадат позначајна предност и да си ја осигураат победата. Филиповиќ со 18 поени беше најефикасен во победничкиот тим, пред Божовиќ со 17 и Пековиќ со 13 постигнати поени. Најпрецизен кај гостите, воедно и на натпреварот беше Анакиевски со 22 поени. Фуриозниот напад во последната четвртина беше причина за тимот на Струмица да слави на дуелот против Фени индустри (80:72). Струмичани во последните десет минути реализираа дури триесет поени, со што успеаја да го скршат отпорот на гостите од Кавадарци и да стигнат до нова победа. Мареља одигра уште еден одличен меч за својот тим стигнувајќи до дабл-дабл од 24 поени и 10 скокови, Џекиќ додаде 19 поени, додека Кук и покрај слабиот шут од далечина (0/6 за тројка) мечот го заврши со одлични 18 поени, 7 скокови и 6 асистенции. Најзабележителен кај гостите од Кавадарци беше резервниот центар Балабан, кој реализираше 22 поени, надополнети со девет скока.

Нема коментара:

Постави коментар