Powered By Blogger

7. 12. 2013.

Започна државното првенство во карате

БИТОЛА ОВОЈ ВИКЕНД ДОМАЌИН НА НАЈДОБРИТЕ КАРАТИСТИ И КАРАТИСТКИ ОД МАКЕДОНИЈА ОД ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА
Во организaција на карате федерацијата на Македонија, која ги испрати најдобрите македонски судии, деновиве спортската сала во гимназијата “Јосип Броз Тито“ се одржува државното првенство во карате во организација на општинскиот сојуз на училишен спорт од Битола и Федерацијата за училишен спорт.
По цереминијалот на свеченото отворање, следуваше стартот на официјалните борби. Натпреварите се одржуваат во шест категории и тоа од прво до трето, од четврто до петто, од  шесто до седмо, и осмо до деветто одделение за основци, а средношколците се во две категории прва и втора година, и трета и четврта година. На ова државно првенство  има  208 ученици-каратисти  од основните и средните училишта во Македонија, а во улога на помагател се јавув општина Битола. Добрата органицазија е една од причините поради која федерацијата на училишен спорт одлучи првенството да се одржува во Битола - градот кој плени во својата голема спортска култура и традиција.

Нема коментара:

Постави коментар