Powered By Blogger

28. 12. 2013.

Ристевски потпиша за Славија Софија

БИТОЛСКИОТ ДЕФАНЗИВЕЦ КОЈ СЕ НАМЕТНУВА И ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА, АЛБАНИЈА ЌЕ ЈА ЗАМЕНИ СО БУГАРИЈА
Младиот 23 годишен дефанзивец Кирче Ристевски ја заврши својата неколку годишна приказна во Албанија и се сели во бугарската лига. Довчерашниот капитен на албанскиот Балиш по завршувањето на првиот дел од шампионатот како слободен играч го напушти овој клуб и мина во бугарската екипа Славија од Софија.
Деветто пласираната екипа во првенството на нашиот сосед веќе подолго време го следеше Ристевски и успеа да ја победи конкуренцијата на неколку други клубови, главно од балканските простори. Ристевски е задоволен од условите кои клубот му ги понуди и во Славија ќе остане во наредните две години, колку што е врзан со првиот договор со клубот. Битолчанецот веднаш по новогодишните празници ќе му се приклучи на тренерот Радуканов во подготовките за вториот дел од бугарскиот шампионат. 

Нема коментара:

Постави коментар