Powered By Blogger

1. 12. 2013.

Текстилец брзо победен сред Битола

ПОЛЕСНО ОД ОЧЕКУВАЊАТА ВО БИТОЛА ПОРАЗЕН Е ШТИПСКИ ТЕКСТИЛЕЦ, СО ОТПОР САМО ВО ПРВИТЕ 10 МИНУТИ
Пелистер - Текстилец 31:25 (18:8)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 500
Судии: Никола Пауновски и Оливер Спировски (Струга)
Делегат: Васко Ајдаревски (Кичево)

Пелистер:
Нкунгуа, Талевски, Игнов, Дрогришки 5, Блажевски 8, Димитровски 5, Босеовски 2, Рајатовски, Вешовски 1, Димитриески 1, Стефановски 3, Митревски 2, Нечков, Чурлевски 1, Божиновски, Печенковски 3

Седмерци: 3/2
Исклучувања: 4 минути

Текстилец:
Атанасов, Петров 4, Мицев, Пенев, Поповски 9, Савев 5, Јовановски 1, Станков, Попов 4, Мирчевски, Кипријановски, Арсов, Паневски 2

Седмерци: 4/4
Исклучувања: 4 минути

Втора последователна победа на ракометарите на Пелистер во ВИП Супер лигата и пак на домашен терен. Овој пат многу полесно од мечот со Тинекс Пролет, совладан штипски Текстилец со +6, иако на моменти предноста на битолчани беше двоцифрена. По почетните две минути и 2:2, пелистерци се одлепија и за неполни пет минути, побегнаа на 8:2 и тоа беше најава дека победникот во мечот е познат, уште пред и самата средба да започне. Блажевски и Дрогришки од почетокот најавија дека се расположени и ја полнеа мрежата на Атанасов. Единствено Поповски од таборот на Текстилец постигнуваше голови и со четири негови погодици, до одморот предноста изнесуваше +10 за битолчани. На почетокот на второто полувреме, бројот на расположени ракометари на Ристо Костадиновски порасна и Васко Димитровски и Стефановски постигнаа уште по два гола за 22:9 во 37 минута. Тогаш настана комплетно опуштање и Текстилец дојде до чесен пораз. Со серија 8:2, гостите намалија до 25:19 во 48 минута, со нова серија на голови на Поповски и голови на Попов. Во последните 10 минути пак оние кои го донесоа одлепувањето, Дрогришки и Блажевски ја завршија работата за финални 31:25 за битолскиот суперлигаш.

Нема коментара:

Постави коментар