Powered By Blogger

13. 12. 2013.

Возачите на ЛТД тренираат во Грција


МОЖЕБИ ВО ПРОЛЕТ И ЛЕТО, МОТО-КРОСОТ Е ПОАКТУЕЛЕН, НО ТРЕНИНЗИТЕ СТАРТУВААТ ВЕЌЕ ВО ЗИМА
Мото-кросот не фунционира најдобро по ниски температури и со големи студови. Иако во Битола деновиве е мошне студено и ништо, сепак мотициклистите веќе ги “запалија“ моторите и ги започнаа подготовките за наредната сезона 2014
„Кај нас е доста ладно и непреодно и тешко е да се вози на двете патеки во Смолево и Братиндол, но јас и Христијан Станковиќ, како дел од тимот на ЛТД, веќе ги започнавме подготовките за наредната сезона. Двајцата имаме нови моторцикли, кои се доста посилни и ќе ни треба доста подготовки за да можеме успешно да се натпреваруваме. Викендов бевме во Јаница, Грција, каде заедно со грчките возачи трениравме„ ни рече Борче Костов, кој наредната сезона ќе атакува на четвртата титула. Младиот Христијан Станковиќ не ја криеше радоста за новиот мотор, кој го испроба против поискусните возачи „Моторот е одличен, а мислам дека за брзо време ќе се навикнам на него и ќе можам рамноправно да се носам со другите возачи и да победувам„ ни рече Христијан Станковиќ по враќањето од Грција.

Нема коментара:

Постави коментар