Powered By Blogger

2. 12. 2013.

Кобна последна минута за пелистерци

СЕ ВРАТИЈА ОД -18, НО КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ПРИМИЈА СЕДУМ ПОЕНИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 90 СЕКУНДИ И ПРЕТРПЕА ПОРАЗ ОД КАРПОШ СОКОЛИ
Пелистер - Карпош Соколи 74:77 (11:27, 24:19, 20:14, 19:17)

Како и многу често оваа сезона и кога ќе одиграат повеќе од солидни три четвртини, кошаркарите на Пелистер поразени го напуштаат теренот заради лошиот влез и пристап во мечот.
Така беше и против Карпош Соколи на битолскиот стручњак Александар Петровиќ. Битолските зелени како премногу да ги респектираа своите ривали и во првите 10 минути направија серија на неизнудени грешки и пред се под одбрачите му дозволија на скопскиот прволигаш да доминира. Кирил Павловски и двајцата српски интеренационалци Матиќ и Милошевиќ уште во 6 минута донесоа двоцифрена предност, а кога Страхиња Милошевиќ погоди во 9 минута, Пелистер беше на заостанување од 18 поени. Со така комотно однесување залудна беше и консолидацијата во продолжението од мечот. На почетокот на вториот дел Никола Вукасовиќ донесе серија од 7:0 и полека момците на Печалов се враќаа во мечот. Најблиску дојдоа до -5, но разликата во квалитет на високите позиции беше евидентна. Така Павловски и Патковиќ од клупата на крајот на вториот период, носат комотни 35:46 за скопскиот прволигаш. Капитенот на битолчани Зоран Петковски украде две топки, реализира 5 поени и на брзина и во 34 минута, зелените се вратија во мечот (46:49) Но со нова мини-серија на Кирил Павловски третиот период заврши со 55:60. Кога започна последната четвртина и Вукасовиќ и Анакиевски погодија по два пати, Пелистер за прв пат во мечот поведе (65:62) На три и пол минути до крајот, Ѓорѓи Анакиевски погоди тројка за 70:67 и се чинеше дека пелистерци ќе се радуваат во спортската сала Младост по осум месеци. Но на влезот во последната минута Страхиња Милошевиќ и Тасевски израмнија на 74:74. Така на двете екипи им преостанаа само по еден напад. Пелистер се прекомбинира, а Патковиќ на неколку секунди пред крајот погоди тројка, за која екипата на Печалов немаше одговор. На крај со многу среќа, Карпош Соколи забележа победа во директниот дуел за опстанок против Пелистер. Во победничката екипа Матиќ со 20 и Милошевиќ со 17 поени одскокнаа, иако од клупата клучен беше придонесот на Патковиќ. Кај Пелистер, Вукасовиќ со 21, Анакиевски со 18 и Зоран Петковски со 15 поени одиграа над своите можности, но за жал и тоа не беше доволно за радост и победа. Во наредното 10 коло, во Битола гостува амбициозната Лирија.     

Нема коментара:

Постави коментар