Powered By Blogger

15. 12. 2013.

Пелистер во очекување на дефинирање на клубската стратегија

ФУДБАЛЕРИТЕ СИ ЈА ЗАВРШИЈА СВОЈАТА РАБОТА, СЕГА НА РЕД Е АДМИНИСТРАТИВНО СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА БИТОЛСКИОТ ПРВОЛИГАШ
Од петокот фудбалерите на Пелистер се на заслужен одмор и уживаат во „плодовите„ на успешната есен, во која под водство на Драган Бочевски освоија 34 бода и презимија на делба на првото место. Главната цел на битолчани е до крајот на годината да ги дефинираат следните чекори околу клубската стратегија, евентуалниот влез на нов капитал во клубот, а потоа и фудбалскиот проект.
За голем дел од фудбалерите на Пелистер владее голем интерес и нема воопшто да биде лесно Пелистер да ги задржи во своите редови. Тоа што е сигурно е дека првите засилувања, битолчани ќе ги пронајдат во своите редови, во опоравувањето на Диме Ристевски и Благојче Главевски, кои од 15 јануари ќе му се стават на располагање на стручниот штаб за почетокот на зимските подготовки. Исто така во матичниот клуб ќе се вратат Бурхан Мустафов од Победа и Тони Магловски од Миравци, кои имаа добар прв дел од сезоната во Втората лига. Исто така младиот голман Атанасовски и Дуков по одстапките ќе се вратат во базата. Многу работи пелистерци ќе знаат по дефинирањето на буџетот на општина Битола за 2014 година и реалната опција во клубот да влезе нов мнозински акционер, кој ќе го зголеми буџетот и ќе пораснат амбициите во пролетниот дел од шампионатот.

Нема коментара:

Постави коментар