Powered By Blogger

2. 12. 2013.

Голема транформација на Пелистер на гостувањата

СО РЕМИТО ПРОТИВ ШКЕНДИЈА, ПЕЛИСТЕР ЗАВРШИ ГОЛЕМА РАБОТА И ГИ ЗАКЛУЧИ ГОСТУВАЊАТА СО САМО ЕДЕН ПОРАЗ - ОНОЈ ВО ШТИП
На 9 декември минатата година, исто така во снежен амбиент, Пелистер во Тетово одигра 0:0  со Ренова во последното есенско коло од минатиот шампионат, што беше единствено реми во 10 гостувања во првиот дел од ланскиот шампионат. Од можните 30 бода, зелените освоија само 1 и ја загубија самодовербата дека можат да сторат нешто повеќе надвор од Битола. Токму во Тетово и пак по многу тежок терен по снежниот викенд под Шара, Пелистер ги заврши гостувањата за бодови во тековниот шампионат, со реми без голови против Шкендија.
Избраниците на Драган Бочевски направија неверојатна трансформација во размислувањата и учинокот кога играат надвор од Тумбе кафе. Со 14 освоени бода од можните 27, зелените го положија оружјето само во Штип, три пати славеа (Тетово со Ренова, Хоризонт Турново и Металург) и пет пати играа нерешено. Дури и односот на освоени бодови дома и надвор е многу сличен, што е предуслов за добра сезона. Начинот на кој ја организира одбраната и целиот тим поврзан со неа, добро е познат кај тренерот Бочевски, кој и во преходниот шампионат со Напредок имаш фантастича прва половина од првенството. Но работата не е до крај завршена. Пелистерци денес имаа тренинг за рекуперација за оние кои настапија во неделата, а утре по утринскиот тренинг делегацијата на заминува кон главниот град, каде во карантин ќе го подготвува предпоследниот натпревар во 2013 година. Куп амбицијата да се стигне далеку оваа сезона и натаму е присутна, и против Работнички, кој е во голема форма, битолчани патуваат со предност од 1:0 од првиот меч.
И додека стручниот штаб ги чека вестите од лекарската служба, до последен момент ќе биде неизвесен настапот на двајцата напаѓачи Стенио Жуниор и Марјан Алтипармаковски. Бразилецот има посериозни болки во задниот бутен мускул, кои ги здоби во еден навидум безначаен спринт во раната фаза од мечот во Тетово. Кај него постои голема желба да настапи, бидејќи за прв пат во кариерата ќе игра на националната арена „Филип втори„ која нуди перфектни услови за неговите карактеристики. Алтипармаковски превентивно беше повлечен од игра во 20 минута против Шкендија и ако нешто непредвидено не се случи во текот на денешниот ден, ќе го почне овој значаен натпревар. Пелистер, кој два пати со по 1:0 во оваа сезона ги совлада дебармаалци, сонува за реванш за поразот на пенали во полуфиналето на Купот пред четири сезони. Чкембарите најавуваат дека во среда ќе допатуваат во главниот град и ќе го бодрат својот тим, во обидот да стигне до шестото полуфинале на фудбалскиот Куп на Македонија.

Нема коментара:

Постави коментар