Powered By Blogger

8. 12. 2013.

Срамен пораз на пелистерци во Радовиш

НОВИОТ СУПЕРЛИГАШ СЛАВИ ПОДВИГ ПО ГОЛЕМАТА ПОБЕДА НАД ПЕЛИСТЕР ВО 13 КОЛО
Радовиш - Пелистер 16:14 (11:8)

Во натпревар кој тешко се коментира и анализира, самиот краен исход говори многу нешта. Пелистер во предпсоледниот натпревар во 2013 година загуби на гости од Радовиш со 16:14. Човек да не знае што е поневообичаено, поразот од новиот суперлигаш или само 14 постигнати гола, од кои во вторите 30 минути избраниците на Ристо Костадиновски постигнаа само 6 гола.
Во првиот дел двете екипи почнаа во игра гол за гол. Мечот стана брзо груб со по неколку исклучувања и како консеквенца на тоа многу се грешеше и двата голмани има добри интервенции. Кај битолчани ритамот да се постигнат два гола во серија беше вистинска реткост, па на одмор Радовиш замина со +2. Димитровски со 4 гола беше прво кај домашната екипа, која во првите 10 минути од продолжението одолеа на обидот битолчани да се вратат. Така во мечот од 13 коло, Радовиш го доби Пелистер и се зацрврсти на четвртото место на табелата со реални опции да влезе меѓу најдобрите шест кои ќе се борат за Европа.

Нема коментара:

Постави коментар