Powered By Blogger

13. 12. 2013.

Среќен „Петок 13 ти„ за Стенио Жуниор

НАЈДОБРИОТ СТРЕЛЕЦ ОВАА ЕСЕН КАЈ ПЕЛИСТЕРЦИ „РИПНА В ТАВЧЕ„ САМО ЕДНА НЕДЕЛА ПО ВРАЌАЊЕТО ОД МАКЕДОНИЈА
Една недела откако се врати од Европа во родната Форталеза во Бразил, 22 годишниот Стенио Маркос де Фонсека Салазар Жуниор денес го има најсреќниот ден во животот.
Напаѓачот на Пелистер и избраничката на неговото срце Луана Вјеира денес ја имаа нивната венчавка и првиот стрелец на битолскиот прволигаш веќе „рипна в тавче„ Симболично тој го одбра овој петок 13ти за да застане на „луд камен„ и надвор од суеверението, тој и Луана веќе се маж и жена. ФК Пелистер и битолските љубители на фудбалот му го честитаат бракот на Стенио и Луана, со желби за многу љубов и многу наследници.

Нема коментара:

Постави коментар