Powered By Blogger

17. 12. 2013.

Томче Петрески, нов тренер на РК Пелистер?

ЕДЕН ОД ЧЛЕНОВИТЕ НА ЗЛАТНАТА ГЕНЕРАЦИЈА, ДЕНОВИВЕ ЌЕ БИДЕ НАЗНАЧЕН ЗА ТРЕНЕР НА РК ПЕЛИСТЕР 
Иако нема потврда од клубот, деновиве ќе биде обелоденета тренерската смена во РК Пелистер. На местото на Ристо Костадиновски, кој беше предводник на зелените на само четири средби, кормилото ќе му биде доделено на Томче Петрески. Бившиот репрезенативец, живее и работи во Битола, еден период тренираше екипа од Косово, а по кратката епизода како предводник на ЖРК Пелистер во Првата лига, ќе биде промовиран во прв тренер на машката екипа.
Петрески директно ќе одлучува и околу преодниот рок, кој се најавува како бурен за клубот од Битола. Пелистер комплетно ќе го измени играчкиот кадар, ќе доведе интернационални засилувања, а главен акцент ќе биде ставен брз младинската школа на клубот. Прилепчанецот Петрески остави голема трага во Пелистер како играч, а долги години кариерата ја надградуваше во Франција.  

Нема коментара:

Постави коментар