Powered By Blogger

2. 1. 2014.

„Кикер„ со супер-критики за полусезоната на Новевски

НОВА ВООДУШЕВУВАЧКА СТАТИСТИКА ЗА БИТОЛСКИОТ ДЕФАНЗИВЕЦ ВО БУНДЕСЛИГАТА
Членот на Мајнц, битолчанецот Николче Новески се најде на листа  дефанзивци кои би можеле значајно да напредуваат на најдобрата листа во продолжението од сезоната во Бундеслигата, спрема оценките на популарниот германски магазин “Кикер“.
Спрема мислењето на Германците, моментно во Бундеслигата не игра нитуеден дефанзивец кој е “светска класа“, а за “интернационална класа“ важат Жером Боатенг (Баерн Минхен), Данте (Баерн Минхен), Сократис(Борусија Дортмунд) и Омер Топрак (Баер Леверкузен), додека во “поширокиот круг“ се наоѓаат: Мартин Странцл (Борусија Менхенгладбах), Налдо (Волфсбург), Невен Суботиќ (Борусија Дортмунд), Робин Кноче (Волфсбург), Матс Хумелс (Борусија Дортмунд), Фабиан Лустенбергер (Херта) и Емир Спахиќ (Баер Леверкузен). Во продолжение, значи ќе повториме помеѓу дефанзивците кои значајно би можеле да напредуваат, односно конкурираат да влезат во таа за сега спомената листа на најдобри дефанзивци  во продолжението од германското првенство се: Давид Абрахам (Хофенхајм), Штефан Бел (Мајнц), Матијас Гинтер (Фрајбург), Бенедикт Хуведес (Шалке), Рагнан Клаван (Аугсбург), Себастиан Лангкамп (Херта), Николче Новески (Мајнц), Никлас Шуле (Хофенхајм) и Филип Волсшајд (Баер Леверкузен). Мајнц после 17 кола во Бундеслигата се наоѓа на деветтата позиција со 24 бодови, лидер е Баерн Минхен со 44. 34-годишниот Новески кој неодамна беше прогласен за најдобар фудбалер на Македонија за 2013 година, во дресот на Мајнц од 2004 год. има одиграно досега 264 мечеви, постигнато 12 голови, додека од истиот период Битолчанецот за македонската репрезентација има 64 настапи и пет погодоци.

Нема коментара:

Постави коментар