Powered By Blogger

30. 12. 2013.

Фатон Таировски на проба во Швајцарија

УШТЕ ЕДЕН МЛАД ТАЛЕНТ ОД ШКОЛАТА НА ПЕЛИСТЕР СО ПОНУДА ЗА ПРОБЕН ТЕСТ ВО ЗАПАДНА ЕВРОПА
Младиот 16 годишен фудбалер на Пелистер Фатон Таировски, кој настапува за кадетската и младинската екипа на Пелистер која се наоѓа на самиот врв на табелата во својот шампионат, во новата година го очекува нов предизвик.
Имено младиот битолчанец ќе замине на проба во Швајцарија и ќе се обиде да се наметне. Доколку задоволи можно е да му биде понуден перманентен договор во овој или наредниот преоден рок. Битолските таленти се на цена, откако и младиот Крклински е на проба во младинските категории на шведскиот првак Малме. 

Нема коментара:

Постави коментар