Powered By Blogger

26. 12. 2013.

Јанев потпиша за РК Пелистер, пак по шест години

НОВИОТ ТРЕНЕР НА ПЕЛИСТЕР, ТОМЧЕ ПЕТРЕСКИ ГО ДОБИ ПРВОТО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА ВТОРИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА
27 годишниот кружен напаѓач од Неготино, Дарко Јанев е нов член на Пелистер. Корпулентниот ракометар од денес му се приклучи на битолскиот суперлигаш откако постигна согласност од клубската управа и ги мина лекарските прегледи.
Јанев е искусен ракометар кој во последната година настапуваше во Катар и се враќа во ВИП Суперлигата. Претходно настапуваше за Вардар Про, Куманово и за Пелистер, чиј дрес го носеше во сезоната 2007/08. Тогаш настапи со пелистерци и во Купот на националните куп победници. Заедно со капитенот Васко Димитровски, сега сочинуваат искусен и корпулентен тандем на пивотмени.

Нема коментара:

Постави коментар