Powered By Blogger

25. 10. 2013.

Драгарски верува во тимот и покрај респектот за Еуромилк

ОД МЕЧОТ СО ЕУРОМИЛК, МОЖАТ МНОГУ РАБОТИ ДА ЗАВИСАТ ОКОЛУ ВИСОКИТЕ АМБИЦИИ НА БИТОЛЧАНИ ОВАА ЕСЕН
Пред мечот со Еуромилк, фудбалерите на Пелистер полека се екипираат и дилемите околу стартниот состав повторно се врзани за одбранбената линија. Тренерот Бочевски верува дека ќе го има на располагање првот тандем на централни дефанзивци Ковачев - Драгарски и покрај повредата на високиот и корпулентен бугарски интернационалец.
Христијан Драгарски се враќа во тимот по исклучувањето во Купот и верува во позитивен резултат. Впрочем неговиот гол во август беше единствен и победоносен за зелените против Еуромилк под Тумбе кафе: „Мислам дека на овој натпревар нема фаворит. Еуромилк без разлика што прв пат игра во Првата лига има многу искусни фудбалери, кои во нозете имаат натпревари од најсилниот наш ранг. Тоа прави максимално да го респектираме противникот, бидејќи и на неколку натпревари против силни противници, тие тоа го докажаа. Но ние гледаме само на нашата форма, на нашата игра и оптимист сум дека можеме од Лисиче да направиме голем исчекор кон самиот врв на табелата„ вели младинскиот репрезентативец. Во средниот ред нема да има измени од последните средби, а интенцијата на Бочевски е шак да го потврди напаѓачкото трио Алтипармаковски - Стенио Жуниор - Воденичаров. Со оглед на тоа што пелистерци ги очекуваат три средби во седум дена, мора и да се администрираат силите за мечевите со Ренова и Хоризонт Турново наредната недела.   

Нема коментара:

Постави коментар