Powered By Blogger

29. 10. 2013.

Победи место реми средби се на дневниот ред под Тумбе кафе

ВИТАЛЕН МЕЧ ЗА ВРВОТ НА ТАБЕЛАТА И АМБИЦИИТЕ НА ПЕЛИСТЕР И РЕНОВА ОВАА СЕЗОНА
Само три дена по натпреварот во скопската населба Маџари против Еуромилк, битолски Пелистер има нов предизвик во името на Ренова, која ја совлада со 1:2 на мечот во Тетово во август. Но за разлика од тој меч Пелистер во многу сегменти ја смени својата формација, па и начинот на игра.
Преокупација најмногу е одбраната, но и променливата форма на напаѓачите. Мартин Ковачев најверојатно ќе биде подготвен за настап и ќе му прави друштво на Драгарски во централниот дел од одбраната. Големи дилеми стручниот штаб има во средниот ред и во нападот, каде сигурно ќе има измени за разлика од стартниот тим против Еуромилк. Зелените повикуваат на подршка од битолчани и од „Чкембарите„ бидејќи овој меч е витален за иднината на сезоната на избраниците на Бочевски. Напаѓачот Марјан Алтипармаковски типува само на домашна победа „Мислам дека сме подготвени за овој натпревар. Ренова е квалитетен тим и тоа го докажа во текот на сезоната. Во мечот влегуваме со израмнети бодови и со подеднакви шанси. Но во Битола верувам во нашата екипа, во моите соиграчи и убеден сум дека трите бода ќе останат под Тумбе кафе„ вели младиот фудбалер кој по две и пол сезони минати во Ксанти се врати во својот матичен клуб. Пелистер минатата сезона со победата од 3:1 со одлично издание на Благојче Главевски ја прекина серијата на успеси на „гипсарите„ во градот под Пелистер. Пелистерци веруваат дека време е тие да започнат нова успешна серија против Ренова.

Нема коментара:

Постави коментар