Powered By Blogger

6. 10. 2013.

ФОТО: Ако на теренот има натпревар, на трибините „Чкембарите„ немаат ривал

„Вечното дерби„ од 10 коло денес беше најголем можен спот за македонскиот фудбал. Зелениот колорит кој го направија битолските љубители на фудбалот, ретко се гледа во нашиот првенствен фудбал
„Чкембарите„ максимално организирани, мотивирани и пасионирани кон својот клуб, како и секогаш и овој пат покажаа дека немаат рамни на себе во нашиот спорт. 
Гостинските навивачи не допатуваа да го комплетираат спектаклот, но и да беа присутни, тешко дека некој можеше да го расипе шоуто на „Чкембарите„ Штета само што амбиентот не беше зачинет со позитивен резултат на Пелистер, но мечот на зелените и црвено-црните уште еднаш потврди дека е единствен во нашиот клубски фудбал.

Нема коментара:

Постави коментар