Powered By Blogger

25. 10. 2013.

Пелистер жилав, но бодовите за Зомимак М

ОДЛИЧЕН ОТПОР ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ МЕЧ, НО СЕПАК ПОРАЗ НА ПЕЛИСТЕР НА ДЕРБИТО ВО СТРУМИЦА СО ЗОМИМАК М
Зомимак М - Пелистер 27:23 (11:12)

Првото полувреме го одбележа добрата игра на гостинскиот клуб и заврши со еден гол разлика во корист на Пелистер,11:12. Зомимак комбинираше со измените чувајќи ги играчите за вториот дел и тоа се покажа како клучно во победата, која кулминираше со пресврт во второто полувреме.
Натпреварот заврши со резултат 27:23  за домаќините. Најефикасен беше Чантурија со 8, Павловски постигна 5, Младеновски и Стојановиќ по 4 погодоци. Кај Пелистер, Дрогришки беше најефикасен со 7 погодоци. По пет одиграни натпревари од ВИП Супер машка лига на Македонија, екипата на Зомимак има исто толку победи и со 15 поени го дели првото место на табелата со РК Тинекс, а Пелистер е трет со пет победи и два порази.

Нема коментара:

Постави коментар