Powered By Blogger

22. 10. 2013.

Пелистер убедлив, Дрогришки и Манасков блескаа


ВО НАТПРЕВАР НА СЕРИЈА НА МЛАДИ АСОВИ, ПЕЛИСТЕР ЛЕСНО СТИГНА ДО НОВА ПОБЕДА ВО ВИП СУПЕР ЛИГАТА
Пелистер - Металург Јуниор 30:20 (14:9)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 700
Судии: Никола Пауновски и Оливер Спировски (Струга)
Делегат: Ристо Начевски (Скопје)

Пелистер:
Нкуингуа, Х. Талевски 1, Игнов 1, Дрогришки 9, Блажевски 5, Димитровски 3, Чурлевски 6, Илиевски, Босеовски 1, Димитриески 1, Рајатовски 1, Георгиевски, Нечков, Н. Ивановски, Печенковски 2, Божиновски

Седмерци: 5/5
Исклучувања: 10 минута

Металург Јуниор:
Кимевски, Бешлиевски, Пешевски 2, Маџовски 1, Н. Крстевски 1, И.Крстевски, Манасков 10, Б. Блажевски, Маркудов, Ставридис, Ф. Ивановски, Ф. Талевски 3, Давитковски, Матијашиќ 1, Г. Крстевски, Палевски, Павловиќ 2

Седмерци: 9/7
Исклучувања: 4 минута

            Како добра подготовка за мечот со Зомимак М, ракометарите на Пелистер лесно излегоа на крај со младата екипа на Металург Јуниор, која не успеа во ниту еден момент од мечот да биде рамноправен ривал. Дуелот беше натпреварување на два големи македонски таленти: Стефан Дрогришки и Мартин Манасков. Двајцата ги понесоа своите екипи, но Дрогришки имаше одлична подршка во инвентивниот Чурлевски и францускиот чувар на мрежата Крис Нкуингуа. Пелистер отвори со 4:0 и брзо им стана јасно да сите присутни во спортската сала Младост, дека момците на Поповски и Николовски мечот го почнаа со вистински пристап. Блажевски и пивотменот Васко Димитровски со два гола во серија, во 19 минута ја носат највисоката предност за битолчани (9:4). Мартин Манасков со неколку голови преку зоната на пелистерци, до одморот ги одржуваше стандардните +5 за домашната екипа (14:9). Кога на почетокот на вториот дел по две интервенции на Нкуингуа, Дрогришки постигна два гола, Пелистер поведе до 16:9. Цврстата одбрана носеше серија на лесни голови и по само два примени гола во првите 10 минути од вториот дел, зелените направија нова серија и дојдоа до 20:11. Од тој момент натпреварот ја загуби натпреварувачката важност и во 43 минута Дрогришки ја донесе првата двоцифрена предност (22:12). До крајот на натпреварот и Блажевски и Чурлевски го комплетираа нивниот позитивен меч, а и младиот Печеновски постигна два гола. Мартин Манасков со половина од головите на Металург Јуниор уште еднаш потврди дека располага со извонреден талент и дека како и во случајот со Стефан Дрогришки, во нив лежи иднината на македонскиот ракомет. Пелистер останува со максимален учинок на домашен терен и спремен го чека мечот во среда во Струмица.



Нема коментара:

Постави коментар