Powered By Blogger

28. 10. 2013.

Ренова ги „лечи раните„ по четири кола без победа за Пелистер

-->
СО ИСКЛУЧОК НА КЈУП ТРИУМФОТ СО РАБОТНИЧКИ, ПЕЛИСТЕР ОДАМНА НЕ СЛАВЕЛ ВО МЕЧЕВИТЕ ЗА БОДОВИ И КРАЈ НА СЕРИЈАТА НАЈАВУВА В СРЕДА СО РЕНОВА
Иако мечот во Скопје против Еуромилк беше полн со возбудувања и емоции, битолчани знаат дека немаат многу време за дополнителни анализи, бидејќи оваа недела следуваат два големи и важни меча против Ренова под Тумбе кафе и со Хоризонт Турново на стадионот „Кукуш„
Зелените денес тренираа без повредениот Стенио Жуниор кој превентивно беше заштеден, но утре би требало пак да биде во стројот и да настапи со Ренова. Против единствениот тим кој Пелистер го совлада на гости во досегашниот тек на сезоната, Бочевски најверојатно ќе изврши неколку замени од стартниот тим во неделата и шанса треба да добијат Петар Љамчевски и Александар Анастасов, кои и го донесоа пресвртот на стадионот „Борис Трајковски„ во скопската населба Маџари. Токму Љамчевски како силен предизвик гледа на наредните мечеви: „Игравме променливо во претходниот период, но противниците оваа недела дополнително не мотивираат. Знаеме дека Ренова сега е многу посилен тим од тој кој го совладавме во август во Тетово. Сега мора дополнително да се помачиме. Нашиот терен и нашите гледачи знаат дека ова е клучниот момент во сезоната и очекувам да ни помогнат да се радуваме на трите бода„ ни рече младиот фудбалер на Пелистер. Пелистер традиционално игра променливо со Ренова и во последните неколку сезони го поправа впечатокот од претходно. Во првиот дел од сезоната, зелените славеа со пресврт под Шара со победносниот гол на Миленковски, токму по акцијата на Љамчевски. На тој натпревар црвен картон заработи Стенио Жуниор.  

Нема коментара:

Постави коментар