Powered By Blogger

13. 10. 2013.

Пораз од 32 разлика за Пелистер во Сарај

СО ДОМИНАЦИЈА НА СИТЕ КОШАРКАРСКИ МЕСТА, ЛИРИЈА ГО ДЕКЛАСИРА ПЕЛИСТЕР НА СТАРТОТ НА НОВАТА СЕЗОНА
Лирија - Пелистер 100:68 (30:14, 28:13, 20:19, 22:22)

Кошаркарите на Пелистер очекувано убедливо загубија на дебито во новиот 22 шампионат на Македонија во кошарка за мажи. Гостувањето во главниот град, во „Сарај„ против амбициозната екипа на Лирија, беше само формалност, ако се знае дека квалитетот на двете екипи не е еднаков.
Од самиот почеток, домашната екипа бодрена од повеќе од 1000 љубители на кошарката се одлепи и со серија 16:2, дојде до убедлива предност. Бојан Трајковски и Симиќ ја користеа доминацијата на скопската екипа под обрачите и поените од рекетот се редеа во првата четвртина. Во 9 минута, Лирија имаше веќе 18 разлика и тоа дополнително ги деморализира битолските зелени. Калањ со две тројки го врати битолскиот тим, но само за момент. И втората четвртина беше дел од симулатанката на домаќините. Кон центрите се прододадоа Мијовиќ и Тасовски и на одмор се отиде со високи 58:27. За да не доживеат катастрофа, кошаркарите на Пелистер играа рамноправно во третиот и четвртиот период и на крајот загубија со 32 разлика. Во победничката екипа Трајковски постигна 29, Маниз 23, а Димче Тасовски 22 поени. Кај битолчани Александар Калањ со 19 и Никола Вукасиновиќ со 12 поени беа двајцата двоцифрени и колку-толку заслужуваат преодна оценка. Во второто коло в сабота, Пелистер во спортската сала „Младост„ го дочекува Кожув.

Нема коментара:

Постави коментар