Powered By Blogger

6. 10. 2013.

ФОТО: Дали голот на Драгарски беше регуларен?

КАКО И СО ХОРИЗОНТ ТУРНОВО И СО МЕТАЛУРГ, ПАК МНОГУ СПОРЕН МОМЕНТ НА ШТЕТА НА ПЕЛИСТЕРЦИ
По кој знае кој пат спорен момент директно влијае на конечниот исход на меч на Пелистер. Се играше 89 минута кога Илир Елмазовски изведе слободен удар и биеше во голмановата страна на Павловиќ. Гостинскиот голман со помош на стативата го спаси својот гол, а на одбиената топка натрча Христијан Драгарски и ја смести топката во празната мрежа.
Првиот асистент на Александар Ставрев, неговиот сограѓанин Марјан Кировски веднаш го подигна знаменцето регистрирајќи недозволена позиција, без да сочека и да види кој фудбалер ќе стигне до топката. Во моментот на шутот на Елмазовски, фудбалерот кој го постигна голот евидентно беше во регуларна позиција, што дефинитивно ги менува работите. Пелистер пак е жртва на лоша, неизбалансирана арбитража, која директно влијае на конечниот исход. Минатата сезона оваа судиска постава на сличен начин „вмеша„ прсти во конечниот исход на мечот Хоризонт Турново - Пелистер, кога Ставрев на асистенција на својот асистент Кировски досуди траги-комичен пенал за домаќините за финални 2:2. Ова е еден од неколкуте судиски детали, кои одат на штета на Пелистер оваа сезона, а минаа само 10 кола. До кога ситуациите кои се двојбени (а оваа не е меѓу нив, туку е јасна судиска грешка) ќе бидат на штета на зелените?


Нема коментара:

Постави коментар