Powered By Blogger

8. 10. 2013.

Вистината за голот на Драгарски е една - ГОЛОТ Е РЕГУЛАРЕН

СООПШТЕНИЕ НА ФК ПЕЛИСТЕР 
По повод последните изјави на официјални лица на ФФМ поврзани со арбитражата на судиите на неделниот меч помеѓу Пелистер и Вардар, бордот на директори на ФК Пелистер чувствува потреба повторно да се огласи.
Уште еднаш им ја честитаме победата на ФК Вардар и потенцираме дека немаме никаква намера да ја омаловажуваме, но потенцираме дека на мечот беа постигнати четири регуларни голови, а финалниот резултат е 1:2. Тотално омаловажување на вистината и неосновано заштитување на судиите на мечот се констатациите дека голот на Христијан Драгарски е постигнат од офсајд позиција. Вистината е една и лесно видлива од сите видео снимки, од сите фотографии и дилеми не постојат. Секој обид да се прикаже некоја друга вистина, посебно од официјални лица кои го водат мак-фудбалот, е силно дестабилизирање на системот и може многу опасно да влијае врз регуларноста на шампионатот. Затоа ФК Пелистер бара ФФМ и нејзините инстанци да ја преиспитаат одлуката околу спорниот момент, јавно да излезат со став и видео запис кој го потпира нивниот став и јавно да им се извинат на ФК Пелистер и армијата на навивачи за судиската грешка и ставовите после неа. Човечки е да се греши, но само доколку грешките не се злонамерни и тендециозни, во што во овој случај има серија на симптоми кои укажуваат на тоа. Во интерес на најголемото македонско дерби бараме транспарентност и одговорност за тој кој погрешил, макар тој се викал и ФК Пелистер.


Борд на директори на ФК Пелистер  

Нема коментара:

Постави коментар