Powered By Blogger

29. 10. 2013.

Мечкаровски по два месеци пак суди под Тумбе кафе

ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ МАКЕДОНСКИ СУДИИ ЌЕ ГО ВОДИ ДЕРБИТО НА ПЕЛИСТЕРЦИ СО РЕНОВА
По втор пат во сезоната и по втор пат под Тумбе кафе, скопскиот судија Димитар Мечкаровски е делегиран за главен судија на меч на Пелистер. Тој ќе ја дели правдата во рамките на вонредното 13 коло, а во Битола доаѓа по два месеци.
Последен пат го водеше мечот Пелистер - Хоризонт Турново, кој заврши без голови и со два црвени картони на пелистерци. Христијан Драгарски и Томе Китановски пред време беа пратени во соблекувалната. На истиот меч беше поништен и регуларен гол за победа на битолчани на Филип Миленковски заради недозволена позиција.

ПЕЛИСТЕР - РЕНОВА


Среда 30.10.2013 година - 13 часот

Главен судија: ДимитарМечкаровски - Скопје

Прв асистент: Дејан Неделкоски - Скопје

Втор асистент Гоце Петрески - Скопје

Четврт судија Тони Митревски - Битола

Контролор:

Благој Шуклев - Стојаково

Делегат:

Гоце Маркоски - Охрид

Нема коментара:

Постави коментар