Powered By Blogger

16. 10. 2013.

Одбранбен ребус за пелистерци против Македонија Ѓ.П.

КОЈ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ КАЗНЕТИОТ ДРАГАРСКИ Е НАЈГОЛЕМАТА ПРЕОКУПАЦИЈА КАЈ ПЕЛИСТЕРЦИ ПРЕД НЕДЕЛНИОТ МЕЧ ОД 11 КОЛО ВО СКОПЈЕ
Како ќе изгледа последната линија на дефанзивци е главната дилема на стручниот штаб на Пелистер за неделното гостување кај Македонија Ѓ.П. Црвениот картон на Христијан Драгарски на средина од второто полувреме против Работнички во Куп-натпреварот во неделата, остави сериозни проблеми кај пелистерци.
Со оглед на тоа што на диспозиција е само Ковачев како централен дефанзивец, повеќе од извесно е дека некој од фудбалерите од бековската линија или фудбалерите за врска ќе добијат шанса во последниот ред. Опции остануваат Владица Брдаровски, кој играше на оваа позиција во натпреварот од Купот во Миравци или бугаринот Николај Христов. Пелистер по две години пауза повторно ќе игра натпревар за бодови на теренот на Македонија Ѓ.П. каде последен пат славеше со 1:0 во сезоната 2011/12, тогаш во натпревар од Втората лига. Филип Миленковски во 90 минута асистираше за Анастасов кој го постигна единствениот гол на тој натпревар. Сега Миленковски верува во континуитетот на оваа екипа на Пелистер: „Мислам дека сезоната оди како што очекуваме и ако бевме малку посреќни можевме да имаме и некој бод повеќе. Штета што нема да игра Драгарски, но и без него верувам дека можеме да излеземе како победници во надигрувањето со Македонија Ѓ.П. која како сезоната одминува игра се подобро и подобро. Оптимист сум дека ако играме како во првото полувреме од Куп натпреварот со Работнички ќе се вратиме со позитивен резултат„ ни рече брзоногиот страничен фудбалер на Пелистер.

Нема коментара:

Постави коментар