Powered By Blogger

5. 10. 2013.

Костов ќе вози и покрај повредата

ВО ПОТРАГА ПО ТРЕТАТА ТИТУЛА ВО СВОЈАТА КАТЕГОРИЈА, ИСКУСНИОТ БИТОЛСКИ МОТО-КРОС ВОЗАЧ ЌЕ ВЛОЗИ И ПОВРЕДЕН
По три седмици пауза поради настапите на битолските мото-кросисти на меѓународни трки, продолжуваат мото-крос трките во домашното првенство низ целата наша држава. Оваа недела ќе се вози трката во мото-крос на патеката Орман, крај Скопје.
Битолчаните кои се членови на ЛТД мото спорт клубот се подготвуват за оваа трка, но неизвесно е дали ќе настапат таму Ние сме подготвени за оваа трка, но не знаеме дали ќе настапиме поради небезбедната патека во Орман. Има неколку критични места за кои го предупредивме организаторот, но според она што го знаеме досега тие не се поправени. Тешко е да се вози на оваа патека, но мислам дека како и минатите години ние сме фаворити вели Борче Костов, кој води во генерален пласман во МХ3 категоријата. Костов на оваа трка ќе настапи со новиот мотор кој го набави пред некое време и ќе се обиде да биде првопласиран Здобив повреда на тренингот во Смолево и малку по малку се опоравувам, но чуствувам болки во грбот и ногата која се уште не е комплетно заздравена по скршеницата. Но нема предавање и морам да се појавам на преостанатите трки за да ја освојам третата по ред шампионска титула во мојата категорија вели Костов. Покрај Костов на патеката кај Орман ќе се појават и Николче Гулевски и Христијан Станковиќ.

Нема коментара:

Постави коментар