Powered By Blogger

11. 10. 2013.

Работнички ги „лечи раните„ по вечното дерби

ДВЕ НЕДЕЛИ ПО ПРВЕНСТВЕНИОТ ДУЕЛ, ПЕЛИСТЕР И РАБОТНИЧКИ ИГРААТ ЗА ПЛАСМАН ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА КУПОТ
По полемиките кои следеа по „вечното дерби„ конечно треба и да се игра фудбал. Иако не е лесно да се насочи главата на наредниот предизвик, Пелистер знае дека во национачниот Куп се наоѓа на само една пречка пред презимување.
Таа пречка наречена Работнички, зелените многу сериозно ја сваќаат и најверојатно Бочевски воопшто нема да ротира и со најсилниот тим ќе му се спротистави на дебаармаалци, само две недели по нивното соочување за првенствени бодови. Тогаш со голот на Анастасов во самата завршница, пелистерци ги освоија бодовите, а во Купот и немаат баш добри спомени од мечевите со Работнички. Пред три сезони кога последен пат се соочија во полуфиналето, Пелистер дури по изведувањето на пенали загуби во Скопје откако двата донашни мечеви завршија со по 1:0 за екипата која играше пред домашната публика. Пелистер со дилеми само во средниот ред и нападот веројатно ќе почне со две измени од стартниот тим против Вардар. Младиот Александар Анастасов оваа сезона ја дочека својата минутажа и скоро на секој натпревар добива шанса или од првата минута или од клупата. Тој верува дека мечот со Вардар е избришан од мислите за неговите соиграчи „Не е лесно да се заборави мечот со Вардар, но играме нов значаен натпревар со Работнички и квалитетот на противникот не ни дозволува да се опуштиме. Во ваков тип на мечеви секој детал е важен и ние веруваме дека со секоја победа без примен гол, ќе стекнеме добра залиха пред реваншот наредниот месец. Само се надевам едка нашата публика ќе биде со нас како на претходниот натпревар и дека Тумбе кафе пак ќе изгледа величенствено„ велеше Анастасов по еден од последните тренинзи пред Куп дуелот. Тој и Воденичаров треба да го почнат мечот со Работнички, а свои минути чекаат и Љамчевски и Милевски.

Нема коментара:

Постави коментар