Powered By Blogger

3. 10. 2013.

Вечното дерби може да почне !

НА НЕКОЛКУ ДЕНА ДО НАЈГОЛЕМИОТ МЕЧ, ФУДБАЛСКА БИТОЛА ЗБОРУВА САМО ЗА МЕЧОТ СО ВАРДАР
За прв пат во историјата на мак-фудбалот, Пелистер во октомври е сам на лидерското место и како таков го чека „вечното дерби„ со Вардар. Обединетоста на сите структури во Битола беше очигледна на денешната прес-конференција, на која градоначалникот м-р Владимир Талески го искажа своето задоволство што работите се развиваат како што сите очекуваа:
„Ова е само почеток. Успехот на фудбалерите ни е клучен во проектот за Битола - спортски град. Јас сум тука само да им честитам на фудбалерите и да ги охрабрам пред мечот со Вардар. Свесни сме дека тоа што го чекаме Вардар како лидери е голема работа, но сите заедно општина Битола, главниот спонзор Ѓорѓи Силјанов - Монгол, спортската структура на клубот, навивачите и фудбалерите ќе работиме за уште посилен Пелистер„ Во името на бордот на директори, Миле Димов потврди дека Пелистер и в недела ќе биде перфектен домаќин против скопските црвено-црни „Како и на секој меч и в недела, нашето мото е Битола да биде фудбалски празник. Во постојана комуникација сме со структурите на ФФМ, со МВР, со нашите навивачи и со противничката управа, така да ве уверувам дека под Тумбе кафе в недела сите заеднички ќе уживаме во нашето најголемо дерби„ Пелистер со целиот ростер, без ниту еден повреден фудбалер има уште два тренинзи за да се искристализира тимот пред големиот меч. Човекот кој е најзаслужен за прогресот за клубот, спонзорот Силјанов, кој не е човек од многу зборови, обелодени како дошло до финализирање на договорот за негово враќање во клубот: „Ми се обратија луѓето од клубот да им помогнам на крајот од минатата сезона. Подоцна заедно со градоначалникот се договоривме да помогнеме онака битолски, чисто од душа. Подоцна работите ги решаваме тековно, а резултатите можете да ги видите сите„ рече првиот оперативец на пелистерци.  

Нема коментара:

Постави коментар