Powered By Blogger

2. 10. 2013.

Пелистер гори од желба да дојде „вечното дерби„

ВО БИТОЛА СЕ ОДБРОЈУВААТ ДЕНОВИТЕ ПРЕД НАШЕТО НАЈГОЛЕМО ФУДБАЛСКО СООЧУВАЊЕ
По кој знае колку години Пелистер го чека „вечното„ дерби со Вардар од лидерската позиција и со поголем број на освоени бодови од конкурентот. Во Битола владее голема еуфорија и со оглед на исходот на ждрепката од Купот, три недели по ред пелистерци ќе играат дерби мечеви под Тумбе кафе.
Меѓу двата мечеви со Работнички, е дуелот со Вардар кој во Битола има посебна убавина и привлечност. За прв пат во вака значаен меч ќе настапи бразилецот Стенио Жуниор кој во официјален натпревар постигна еден првенствен и еден Куп гол. И тој како и целиот тим се силно мотивирани за неделниот меч: „Веќе сватив што значи за целиот град, навивачите и за целиот амбиент овој натпревар. Не треба да си поставуваме дополнителен притисок, бидејќи ние на домашен терен секогаш играме на победа. Чувствувам дека од меч во меч играме се подобро и подобро и ако поврземе неколку позитивни резултати, верувам дека можеме многу во овој шампионат„ ни рече Стенио Жуниор. Оваа недела момците на Драган Бочевски секојдневно тренираат во терминот на одигрување на натпреварот и сите фудбалери се здрави и мотивирани. Но зелените знаат дека овој меч не треба да ги понесе како минатата сезона, кога екипата на Пелистер на Гордан Здравков по победата во Скопје над Вардар, цел еден месец никого не победи и западна во зоната за плеј-офот и за испаѓање. Пелистер игра многу тврдо, не постигнува многу голови, а со исклучок на мечевите во Штип и дома со Металург, уште потешко прима голови. Младиот Александар Анастасов конечно игра во континуитет и се наметува како стартер за неделниот натпревар. Нешто слично како Љамчевски, Воденичаров и Милевски кои имаа добри периоди во последниот месец. Пелистер минатата сезона играше 0:0 пред своите гледачи во меч за бодови, а загуби со 0:1 со голот на Петров во првиот меч од осминафиналето на Купот. Сега зелените се надеваат дека повеќе од една недела ќе останат на лидерската позиција во нашето фудбалско првенство. За тоа потребни им се три бода против најлутиот ривал.     

Нема коментара:

Постави коментар