Powered By Blogger

18. 10. 2013.

Пелистер на нов испит на зрелоста

ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. ТИМОТ НА ДРАГАН БОЧЕВСКИ СО ПРЕДИЗВИК ДАЛИ ЗАСЛУЖУВА ДА СЕ БОРИ ЗА ВРВОТ ИЛИ НЕ
Пелистер остава зад себе уште една работна недела и со големо нетрпение го очекува новиот предизвик кај новиот прволигаш Македонија Ѓ.П. Тренерот Бочевски и стручниот по денешниот утрински тренинг ќе одлучат кои фудбалери ќе го почнат мечот, а дилемите главно се во одбраната и средниот ред.
Битолчани сезоната ја почнаа со Драгарски и Менде Степановски во последната линија, а на крајот на првата третина од шампионатот тандемот на централни дефанзивци во Ѓорче Петров најверојатно ќе биде Ковачев - Брдаровски. И покрај тоа што има повреда на зглобот здобиена на мечот против неговата бивша екипа Работнички, Брдаровски најверојатно ќе игра, бидејќи на Пелистер бодовите му се апсолутно неопходни „Ова е еден од оние мечеви во кои треба да го покажеме карактерот на екипата. Сметам дека фаворит на овој меч нема и дека е многу тешко да се предвиди како ќе се одвиваат работите. Ние веруваме во квалитетите на оваа екипа и кога играме добро и кога понекогаш ќе потфрлиме. Вистината е дека оваа екипа има уште многу простор за напредок. И да не заборавиме дека имавме голема несреќа со повредите на клучни фудбалери како Ристевски, Демиќ и Главевски„ вели искусниот Илир Елмазовски, кој оваа есен со пет асистенции е најдобариот додавач на пелистерци.

Нема коментара:

Постави коментар